Македонската репрезентација до 19 г. не успеа да ја совладаа селекцијата на Албанија во двата натпревари. Првиот заврши 2-2, додека вториот 0-0. Една од причините за ваката игра и падот на физички план е бланк периодот кој што се јави кај фудаблерите по пазута од завршувањето на младинските првенства, смета селекторот Тренчевски

Далеку од тоа дека сме задовлни од прикажаното овде во Охрид, пред нас  е период во кој треба што подобро да се подготвиме за квалификациите бидејќи имам тешки противници во групата со Шпанија, Португалија и Велс. Сепак Ова беше добар тест во кој видовме до каде се нашите можности.– вели Тренчевски

Во август Македонија ќе одигра тест средба со селекцијата на Романија, за која од репрезентацијата се надеваат дека ќе ги осигураме услугите на неколку фудбалери кои играат во странство.

Пајтон Касами од Лацио, Егзен Алиоски и  Филип Дурански се фудбалерите на кои сметам во следниот период. Но сите треба да разберат дека во оваа селекција никому не му е загарантирано местото – потенцираше Тренчевски.


Бабунски и „домаќинот“ Бочески

Бабунски : Има потенцијал кај овие момци

– Овие играчи се потенцијални репрезентатвици, а дел од нив играа и против Србија. Пријатно сум изненаден и ме радува што може да очекуваме слободно да го пополниме нашиот ростер со овие фудбалери на кои сметаме во иднина. Она што забележав е дека има потенцијал и квалитет кај овие момци.

М.П.