Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти во споредба со 2021, информира на денешниот брифинг министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Новоевидентирани жртви на семејно насилство за 2022 година, согласно податоците од центрите за социјална работа, се 1 543 лица, од кои најголем дел се жени. За споредба, во 2021 година, бројот на жртви на семејно насилство бил 1 608.

Најголем број на жртви, како што информира министерката, има во Скопскиот регион, односно 530 жртви, а најмалку во Североисточниот регион – 60.

После Скопскиот, најголем број жртви има во Пелагонискиот регион, односно 241 жртва.

Најпријавувано е психолошко насилство, потоа физичко насилство, има шест случаи на сексуално насилство, како и и економско насилство.

OhridNews