Македонската селекција на фудбалери до 19 години го одигра и петтиот натпревар од циклусот подготвки за за квалификациите за ЕП кои се играат од 10-16 Октомври во Струмица. Постигнатите резултатите се далеку од посакуваното ниво. Според селекторот на репрзентација Југослав Тренчески оваа селекција се уште е во фаза на создававање.


Не минуваме  резултатски најдобро но ние сме во фаза на создавање на екипа , во овај тим има шест седум играчи на кои ќе сметаме и во наредниот циклус. Така што нема простор нема место за разочарување.

Една од причините за ваквите успеси на македонските селекци е слабото , речи си никаквото инвестирање во младите фудбалски погони. Клубовите не посветуваат многу внимание на тие категории, што е евидентно по постигнатит е резултати и нашето тапкање во место

Вложувањето во младите категории е на незадоволително ниво.Со иклучок на неколку клубови кои сериозно работат со младинските школи, останатие крпат ден за ден и целото внимание го посветуваат на првиот тим. Ваквата (не) работа во клубовите доаѓа токму до израз во оваа генерација на фудбалери. Нивниот талент “се бруси“ до 18 годишна возраст, за да потоа едноставно ги снема.

Во составот на селекција која настапи во Охрид само тројца играчи играат во првите тимови, Георгиев, Лазарески, Ристов. Многу повеќе треба да се инвестрира во младите и да им се даде повеќе шанса.

Светот останува на младите.