Новиот македонски документарно-игран филм „Последниот Македонец-патот до истребување“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперковски ќе биде премиерно прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Погледнете го официјалниот трејлер за филмот.

Сценариото на филмот е на Александар Кукулев, продуцент е Снежана Лупевска Созен, кинематографер е Дејан Димески, а монтажата е на Данчо Стевков.

Во филмот кој е поддржан со средства на Агенцијата за филм на Република Макеоднија,  играат Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковска….

OhridNews