Охридскиот пливачки маратон неколку години е далеку од реномето и сјајот кој  треба да го има најзначајната и најголемата спортска манифестација во Македонија. 

Само пливачкиот маратон губи од суетите и лошите комунакациски односни Охрид – Пливачка федерација на Македонија.

Минатата годинa Ohrid News остро ги нападна одговорните за Охридскиот пливачки маратон, кој го допре дното со катастрофалната организација.

Со влегувањето на Општината како дел од организацијата треба да се поправи и пристапот кон маратонот бидејќи никој освен охриѓанец не знае што значи Пливачкиот маратон.

Тој години се одржуваше на крајот од летото и значеше успешно спуштање на завесата на туристичката сезона во градот Охрид.

До почетокот на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон остануваат повеќе од два месеци. Толку ќе имаат време организаторите да го вратат сјајот и реномето на манифестацијата која е дел од Светскиот пливачки крем.

Мх.П.