На Јутјуб пред само неколку дена излезе официјалниот трејлер за новиот филм на Марвел – „Шанг-Чи и легендата на десетте прстени“, а видеото за еден викенд веќе го прегледале над 10,4 милиони луѓе, само на оваа видеоплатформа.

Во новиот блокбастер, насловната улога ја игра Симу Лиу, а што се однесува до заплетот на филмот, не се открива многу. Само се знае дека главниот јунак ќе се бори и против сопствениот татко.

Им реков на моите луѓе дека нема да можат да те убијат, и да се обидат. Среќен сум што имав право! – му вели татко му во една сцена.

Кон крајот на минатата година, филмот беше одложен за јули годинава, но премиерата уште еднаш беше одложена. Филмот треба да се прикажува во кината во септември.

OhridNews