Еден жител на Русија трчал седум километри по воз, по многу ниска температура, а на себе имал само маица, тренерки и папучи. Човекот испаднал од возот на крајниот исток на земјата. Тој раксажал дека излегол од вагонот како би запалил цигаре. Додека се враќал отворил погрешна врата и се нашол сам во мракот на шините на сред шума.
Тој потоа трчал седум километри по возот, но не успеал да го стигне. На наредната железничка станица му била дадена потребната помош. Во соопштението на министерството за внатрешни работи било наведено дека човекот преживеал само од чиста среќа. Била подигната истрага и полицијата се обидувала да утврди дали е во прашање несреќен случај или некој од службениците заборавил да ја заклучи вратата на возот. Просечната температура во областа во која паднал изнесувала минус 30 степени целзиусови.