Британската полиција го уапсила Рори Колман од Маинсфилд покрај автопатот во Лестер мислејќи дека е побегнато горило. Возачите повикале полиција кога го виделе животното покрај автопатот за време на добротворната трка за Организација на Горилите.


Рори се пошегувал со полицајците и им ре кол дека сам ќе оди до станица ако му дадат банана. На крајот сепак го пуштиле и донирале 10 долари за горилите. Трката од вкупно 230 километри била поделена на повеќе етапи. на неа учествувале околу 600 тркачи со костими на горили.