Лу Таосенг (55) од Кина секое утро трча по оградата на 1 000 метри долг мост. Со јаже е врзан за другата ограда од мостот и се надева дека тоа би го спасило во случај да се лизне во реката Хан. Локалната полиција го наговара да престане со екстремниот спорт, но не можат да му забранат трчање, бидејќи тоа не е илегално.
Пред една година Лу почнал да трча по оградата преку мостот.
– Во август започнав да трчам по оградата бидејќи е тесна и лизгава што ми е поголем предизвик – вели Лу. Оградата е широка 10 цм, а Лу успева да претрча стотина метри.