Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” ќе биде поставена во Мултикултурниот центар Коста Србакоски во Вевчани. Отворањето ќе се одржи на 22 март со почеток во 13 часот.
Трајната поставка со својот едукативен карактер има цел да ги доближи до посетителите информациите за природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори и планината Јабланица, велат од Еко-свест.
На свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, извршната директорка на Еко-свест, Ана Чоловиќ Лешоска и Мирјам де Конинг, директорка на Prespa Ohrid Nature Trust.
Трајната поставка е изработена од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.