Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија, в сабота во Скопје, и три денови подоцна во Малта.

Своите очекувања од натпреварот со европскиот првак, Италија, денеска ги сподели Александар Трајковски, напаѓачот кој беше човек на одлука на последниот дуел на двете репрезентации во Палермо.

За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен, изјави Трајковски кој минатиот јуни беше стрелец на победоносниот гол во Палермо.

Треба да бидат, вели Трајковски, максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидат да дојдат до позитивен резултат.

Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто, додаде искусниот македонски репрезентативец.

OhridNews