Значителен прогрес на работите и забрзана динамика има на градежните активности на автопатската дечница во изградба Кичево – Охрид, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски по извршениот увид на терен заедно со стручниот тим од ЈПДП, надзорот на проектот, изведувачите и подизведувачите.

Целта е пред туристичката сезона да се вози по нова асфалтирана траса од село Врбјани до Охрид, со исклучок кај селото Ботун каде се работи на санација на свлечиште. На делот од Кичево до Врбјани се работи интезивно на заштита на косините и санација на свлечишта, се со цел што побрзо да може и оваа делница биде пуштена во употреба, посочува Трајановски.

Според претходните најави од министерот за транспорт и врски Александар Николоски до почеток на летната сезона треба да биде пуштен за сообраќај околу 40 километри од потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година да биде изграден автопатот целосно.

Со измените на законот за изградба на автопатот Охрид – Кичево се создаде можност за афалтирање и во зимски услови на оваа автопатска делница.

Н.С.Ј.

фото. ЈПДП