Автопатот Кичево-Охрид е поделен на пет секции, првата и втората кај што има огромни косини кои за жал оставени се на забот на времето и овие 5-6 години од временските услови веќе се многу еродрирани. Затоа заедно со надзорот веќе сме во фаза на договарање да се направат прво гео истраги, по кои ќе се направи извештај и врз основа на тој извештај се прави проектирање на стабилизација на тие косини, рече директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Има околу 15 свлечишта од кои 13 се покритични и сите ќе се решаваат со гео истраги. Тие се наоѓаат на првите две делници. На третата делница од Врбјани до Арбиново левата лента од автопатот е целосно асфалтирана и останува да се стават огради, дилатации на мостови и банкини и од 1 декември годинава ќе започне асфалтирање на десната страната. Ќе се пренасочи сообраќајот на левата страна која е веќе направена, гледано од Скопје кон Охрид, ќе почне асфалтирање на десната страна од Врбјани до Ботун. Во Ботун ќе остане еден дел кој е попроблематичен со оглед дека патот оди на десната страна и има огромни косини, делови од планината кои треба да бидат отстранети за да се направи овој дел. Тоа го прави Синохидро. И доаѓаме до четвртата делница која почнува од Климештани до Требеништа која ја прави Синохидро и активно се работи на неа. Основниот слој е 90% нанесен, потоа следи завршниот слој, посочи Трајановски.

Останува, додава, клучката Требеништа, за која посочува долго време е разговарано како да се реши бидејќи од таа клучка оди четврата делница со „Бехтел и Енка“.

Од Требеништа оди кон Струга, од таму кон албанска граница. И тоа го решивме и останува петтата делница од Требеништа до Охрид. За неколку дена ќе почне асфалтирање на левата страна и на таа делница. Целта ни е да ја пуштиме третата делница со прекин кај Ботун, четвртата и петтата делница до почетокот на туристичката сезона, некаде до мај-јуни 2025 година Ако не успееме двете страни да ги асфалтираме, тогаш би направиле да се вози по левата страна кон Охрид и од Охрид кон Скопје, да нема прекини, а од десната страна интензивно да се работи и при крајот на следната година да биде целосно завршено. Збориме за овие три делници, потенцираше Трајановски.

Одговарајќи на прашање дали до крај на 2026 ќе бидат готови и другите две делници, истакна дека точни рокови неможе да каже.

Врз основа на извештајот од гео истрагите за првата и втората делница ќе се прават проекти за стабилизација на косините и после тоа ќе може да кажеме рокови. Се надеваме дека ќе го стигнимиме рокот, можеби ќе се пролонгира за една година и изработката на проектите сигурно ќе значат и повеќе пари, додаде Трајановски.

Н.С.Ј.