Вевчанци ги одбројуваат последните денови до Стара Нова година кога традиционално во „державата“ се одржува големиот карневал. Оваа година василичарските свечености ќе бидат организирани во два дена со нов концепт и богата музичка програма.
 
На 12 јануари (сабота) во 17 часот ќе има огнено шоу и презентација на неколку производители на вино од земјава, а вечерта во рамки на забавната програма во Вевчани ќе настапат Александра Пилева, Супер Хикс, Бени, како и ди-џеи од Струга. Традиционалното дефиле под маски ќе се се оидржи на 13 јануари, по што следи народна вечер на која ќе настапат Сузана Спасовска, Есма, Соња Тарчуловска и други. Вечерта ќе заврши со посета на познатите Вевчански извори на полноќ.

Се очекува Вевчанскиот карневал и културно-историските знаменитости во овој крај годинава да привлечат голем број гости. На карневалот ќе присуствува претседателот на Асоцијацијата на европските карневалски градови Вандер Крон, а василичарските обичаи ќе ги докуменира познатата светска телевизија Travel chanell.


Вевчанските Адам и Ева(2007г.)

Вевчанскиот карневал има четиринаесет вековна традиција и се смета за еден од најстарите во светот.

Г. Момироски