„Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам денес изврши интервенција за отстранување времен објект со истечено одобрение, незаконски поставен на локацијата Сараиште на охридското крајбрежје во општина Охрид. Отстранувањето на незаконски поставениот времен објект го извршија инспектори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам со цел доследно спроведување на Законот за градење.
Во согласност со своите законски надлежности, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам од општина Охрид ги одзема надлежностите во делот на градежништво и урбанизам со цел да се постапи согласно Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Со отстранувањето на нелегалниот времен објект на плажата Сараиште, што претставуваше барање и на жителите на Охрид се овозможува задржување на автентичноста на тој простор и понатамошно стопанисување со истиот, односно целосно уредување и облагородување на плажата во насока на подигнување на туристичките стандарди во Охрид“, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Транспорт и врски: Акцијата на Сараиште е законска
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com