Во Основниот суд во Охрид, веќе подолг период во тек се градежни работи за подобрување на условите за работа на судот. Покрај проширувањето на шалтер зоната, се реконструираат и судските сали, а се осовременуваат и канцелариите на судиите, чекалните, санитарните јазли. Исто така старата и дотраена дограма се заменува со нова. Најголема новина секако ќе биде лифтот кој наскоро треба да биде вграден во судската зграда.
Во моментов судот личи на вистинско градилиште. Градежен матерјал има на сите страни, а просториите каде се менува дограмата се целосно отворени па така граѓаните можат слободно да ѕирнат внатре. Транспарентно судство на шега прокоментира случаен минувач, кој го затекнавеме кај судската зграда.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com