Ова лето ширум Европа се случија серија на ракометни трансфери кои донесоа минимални или коренити промени во некои од екипите кои нешто значат на стариот континент. Во сите комбинации и статистики звездите на Барселона се на врвот на листите. Така трансферот на нашиот Кирил Лазаров според порталот Handball-planet е четврт трансфер на преодниот рок, веднаш зад трансферите на Карабатиќ, Вори и Нарцис.

Еве како изгледа комплетната листа во споменатиот избор, кој се базира на квалитетот на преминот од една во друга екипа, а не по некој друг критериум:

Топ 25 ТРАНСФЕРИ – СЕЗОНА 2013/2014:

1. Никола Карабатиќ (Aкс – ФК Барселона)

2. Игор Вори (Хамбург – ПСЖ)

3. Даниел Нарцис (Кил – П С Ж)

4. Кирил Лазаров (Атлетико Мадрид – Барселона)

5. Тјери Oмејер (Кил – Монпеље)

6. Јоан Канељас (Атлетико Мадрид – Хамбург)

7. Момир Илиќ (Кил – Веспрем)

8. Јулен Агинагалде (Атлетико Мадрид – Виве Тарги Киелце)

9. Mарсин Лијевски (Хамбург – Висла Плок)

10. Ивано Балиќ (Атлетико Мадрид – Вецлар)

11. Габор Часар (Веспрем – ПСЖ)

12. Расмус Лауге (Силкеборг – Кил)

13. Јохан Сјостранд (Алборг – Кил)

14. Ксавиер Бараше (Атлетико Мадрид – Сан Рафаел)

15. Тимур Дибиров (Чеховски медведи – Вардар)

16. Сергеј Хорбок (Чеховски медведи – Рајан Некар Ловен)

17. Павел Aрман (Динамо Минск – Металург)

18. Борут Мацковчек (Целје Пивоварна Лашко – Хановер)

19. Алекс Душебаев (Арагон – Вардар)

20. Хенрик Toфт Хансен (Силкеборг – Хамбург)

21. Алберт Рокас (Барселона – Колдинг)

22. Јуре Доленес (Горење – Монпеље)

23. Жарко Марковиќ (Гепингем – Хамбург)

24. Никола Манојловиќ (Цимос Копер – Рајан Некар Ловен)

25. Фахрудин Mелиќ (Горење – ПСЖ)

 

Ohridnews