Специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“, презентира листа на најдобрите и најисплатливите трансфери кои се случија во летниот преоден рок. На чело на листата на најдобрите 10 трансфери кои тимовите ги направија пред почетокот на сезоната се наоѓа левото крило на Вардар, Тимур Дибиров, а меѓу најдобрите 10 трансферите се и оние на Павел Атман и Алекс Душебаев.

Дибиров во Вардар се пресели од Чеховски Медведи, откако овој тим се соочи со сериозни финансиски проблеми.

„Летечкото момче од Русија е симбол на новиот Вардар. Тој беше првото звучно засилување на Сергеј Самсоненко во проектот за создавање на моќен ракометен тим. по одличните изведби оваа сезона, Дибиров е награден со нов договор, кој во Вардар ќе го задржи до крајот на кариерата“, стои во текстот на „handball-planet.com“.

Покрај Дибиров на листата на најдобри засилувања се најдоа и неговиот сонародник Павел Атман, кој од Чеховски Медведи, летово пристигна во Металург, односно Алекс Душебаев кој по банкротирањето на Атлетико Мадрид стана дел од Вардар

Топ 10 Трансфери:

1. Тимур Дибиров  (од Чеховски Медведи во Вардар)

2. Момир Илиќ  (Кил – Веспрем)

3. Сташ Скубе  (Тримо – Горење)

4. Диего Симонет (Иври – Монпелје)

5. Сергеј Онуфриенко (Динамо Минск – Мотор Запорожје)

6. Иван Слишковиќ (Нексе – Целје)

7. Торстен Лаен (Фуксе Берлин – Колдинг)

8. Павел Атман (Чеховски Медведи – Металург)

9. Никола Манојловиќ Цимос Копер – Рајн-Некар)

10. Алекс Душебаев (Атлетико Мадрид – Вардар).

 

„Макфакс“