Префрлувањето од еден во друг клуб заедно со неговиот тренер и татко Томе Камнаровси добро му дојде на Димитар Камнаровски кој имаше забележителни резултати на Државното првенство во Керкаде на 28 и 29 мај и 4 и 5 јуни.
На дебито во новиот клуб Нимо Ландграф, Камнаровски освои вкупно шест одличја во девет настапи. Од шеста медали, четири се златен сјај, а преостанатите две со бронзен сјај.
– После две напорни години и борба со неговото брзо растење конечно се стабилизираше и пружи одлични партии во базенот. Се уште не сме на посакуваното ниво, но се наоѓаме на правиот пат. – рече Томе Камнаровски.
Младиот пливач ќе го пропушти финалниот турнир во Дордехт, а ќе учествува на завршниот во Германија.
OhridNews