Трансферите на голманот Арпад Штербик и Сергеј Горбок во куп освојувачот Вардар се меѓу десетте најдобри во европскиот ракомет.

Преминување на Штербик од Барселона во Вардар се наоѓа на високата четврта позиција додека засилување на бековската позиција од Некар Ловен се наоѓа на десеттата позиција.

Прв на оваа листа е трансферот на Домагој Дувњак од Хамбург во Кил, а тројката ја комплетираат Тиери Омејер Монпелје – ПСЖ и Гудјон Валур Сигурдсон кој од Кил замина во Барселона.

Мх.П.