Составот на Јувентус после назначувањето на Андреа Пирло за нов тренер започна со промени во екипата. Првиот потег на Пирло беше раскин на договорот со францускиот репрезентативец Блаз Матуиди. „Старата дама“, во следниов најверојатно ќе се раздели со уште некој фудбалер, а како прв се споменува Даниеле Ругани.

Матуиди кариерата ќе ја продолжи во Соединетите амеркански држави и ќе го засили тимот на Интер Мајами чиј сопственик е легендарниот фудбалер, Дејвид Бекам. Французинот во Јувентусе се пресели од ПСЖ, а во италијанскиот шампион се задржа три сезони.

Ливерпул ангажираше лев бек од Грција

Актуелниот англиски шампион Ливерпул донесе резервна варијанта за левата бековска позиција ангажирајќи го Гркот Костас Цимикас. „Црвените“ за услугите на дефанзивецот на Олимпијакос ќе му исплатат 11,75 милиони фунти.

Горд сум што пристигнав тука. За мене, Ливерпул е најголемиот клуб во светот. Сакам да ги оствариме зацртаните цели, повторно да триумфираме во Премиерлигата и да ја освоиме Лигата на Шампионите. – изјави новиот фудбалер на Ливерпул.

Доведувањето на Цимикас беше прв трансфер на Ливерпул во летниот преоден рок. Претходно од клубот од Енфилд заминаа Дејан Ловрен и Адем Лалана.

OhridNews