Ибрахимовиќ остана во Милан, Раќитиќ се врати во Севиља
Златан Ибрахимовиќ останува уште сезона на Сан Сиро. Фудбалерот и управата најдоа заеднички јазик и ја продолжија соработката. Швеѓанецот со своето искуство треба да биде од голема помош за младите фудбалери кои се или ќе пристигнат во Милан.
Хрватскиот интернационалец Иван Раќитиќ ја напушти Барселона и се врати во Севиља. Раќитиќ пред пет сезони токму од Севиља премина во Барселона со која освои титули во Лигата на Шампиони и Ла лига. Дефинитивно, Барселона почнува коренити промени, а се уште е неизвесна ситуацијата со Лионел Меси.
Саво Милошевиќ поднесе оставка, Александар Станојевиќ нов тренер на Партизан
Составот на Партизан ќе има нов тренер, откако Милошевиќ си поднесе оставка после поразот од Војводина 3-2. „Црно белите“ експрено ги решија дилемите околу тренерската позиција ангажирајќи го Станојевиќ.
OhridNews