Меси може да си оди само за 700 милиони евра

Војната помеѓу најдобриот фудбалер на светот и Барселона се разжестува. Играчот смета дека има клаузула според која може да си оди без надомест, но клубот тврди дека договорот предвидува отштета од 700 милиони евра.

Во случајот се вмеша Шпанската фудбалска федерација која пресече дека Меси може да биде ослободен од обврските само доколку некој за него плати 700 милиони евра.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека таткото на Меси денеска треба да се сретне со претседателот на Барселона Бартоломеу, по што веројатно некои работи ќе бидат појасни. Едно е сигурно, Меси не сака повеќе да игра за Барселона.

Арсенал во пол позиција за Кутињо

Според пишувањата на Дон Балон, Арсенал е блиску да ја доведе поранешната ѕвезда на Ливерпул Кутињо. Бразилскиот ас во моментов е на позајмица во Баерн Михнех, каде отиде од Барселона по катастрофалната прва сезона таму.

Дони ван де Бек во Манчестер Јунајтед, Тонали во Милано

Играчот за врска на Ајакс Дони ван де Бек им соопштил на соиграчиоте дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата во Манчестер јунајтед. Претходно се пишуваше дека одличниот 23 годишен играч за врска е блиску до трансфер во Јувентус.

Големата надеж на италијанскиот фудбал Тонали ја напушта Бреша и се сели во Милано. Но, не во редовите на Интер со кој ги имаше договорени личните услови, туку во Милан. Оперативецот на росонерите Паоло Малдини успеал најпрвин да постигне договор со раководството на Бреша, а потоа и да го убеди младиот Тонали да му се придружи на Милан, нанесувајќи му сериозен удар на градскиот ривал, кој поради големите внатрешни несогласувања на релација тренер – управа пропушта голем талент.

Баерн чека понуда за Тиаго Алкантара

Одличниот играч за врска Тиаго Алкантара подолго време се поврзува со Ливерпул, но од Баерн Минхен велат дека клубот до сега не добил официјална понуда. Сепак директорот на Баерн Румениге за германските медиуми изјави дека Баерн и Алкантара ќе се разделат и дека очекува во наредните денови да пристигне понуда за него.

Г.М.