Вчерашниот ден беше последен во зимскиот преоден рок за ангажирање на нови фудбалери. Очекувано, најактивен беше Ливерпул, кој се најде во небрано после повредите на сите стопери во екипата.
„Црвените“ од „Енфилд“ ги ангажираа Бен Дејвис од второлигашот Престон и Озан Кабак од германскиот бундеслигаш Шалке.
Дејвис со Ливерпул потпиша договор во времетраење на година и пол додека Кабак на „Енфилд“ ќе игра како позајмен фудбалер, со опција за откуп на договорот.
Најголем губитник во последниот ден и воопшто во зимскиот преоден рок е англискиот репрезентативец Деле Али. Фудбалерот на Тотенхем по секоја цена сакаше да замине од Тотенхем, но не доби зелено светло од управата.
Деле Али најблиску беше до трансфер во Пари Сент Жермен, откако францускиот клуб го назначи Маурицио Почетино за нов тренер. Двете управи не се договорија околу висината на оштета и клаузулите, по што трансферот пропадна.
Јувентус пак, се ослободи од Герменацот Сами Кедири, кој следниве шест месеци ќе ги помине во Херта. Кедира воопшто не е во составот на Јувентус, а заработува голема плата, што е голем проблем за клубот од Торино.
OhridNews