Завршувањето на Премиер лигата знечеше почеток на летниот преоден рок во англиската фудбалска елита. Стартот на периодот за трансфери го одбележаа заминувања од Ливерпул и Тотенхем.

Тандемот Адем Лалана и Дејан Ловрен заминаа од Енфилд

Во потрага по поголема минутажа англискиот репрезентативец Адем Лалана и хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен го напуштија Ливерпул. Лалана остана во Премиер лигата засилувајќи го тимот на Брајтон, додека Ловрен се пресели во Русија и му се приклучи на Зенит.

Јан Вертонген го напушти Тотенхем

После осум сезони минати во Лондон, Јан Вертоген го напушти Тотенхем и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Белгиецот за сега не се поврзува со ниту една екипа, но се може да се промени во еден ден со оглед на квалитетите кои го поседува дефанзивецот.

 

Првенствен фудбал се игра уште во Италија. После завршување на Серија А се очекува и „калчолигашите“ да се активираат на трансфер пазарот, како и шпанците кои играат една од главните улоги во светот на фудбалот.

OhridNews