Италијанскиот калчолигаш Лацио го потврди трансферот на Андрес Переира. Фудбалерот за врска на Олимпико како позајмен фудбалер ќе се пресели од Манчестер Јунајтед.
Андреас Переира на почетокот од минатата сезона уживаше голема доверба од Оле Нунар Солскјер, но ја изгуби со бледите перформанси во Премиер лигата и Лигата на Европа. Во клаузулата на Андреас Переира стои и опција за откуп после завршување на сезоната. Оштетата ќе изнесува 15 милиони евра.
Манчестер Сити се засили со дефанзивец од Бенфика
Португалскиот фудбалер Рубен Дијаз кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити. Дијаз по десет години ја напушта Бенфика и ќе го засили составот предводен од Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак во името на Дијаз гледа решение за проблемите во одбраната. Англискиот премиерлигаш на Бенфика ќе му исплати 68 милиони евра.
OhridNews