После завршување на мечевите во Лигата на Европа и Лигата на Шампиони на трансферот пазарот се очекува вистинска експлозија. Екипите од најквалитетните лиги ќе започнат со ангажман на планираните засилувања и креирање на ростерот за следната сезона.

Куман не смета на Луис Суарез

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман ремонтот на Ноу Камп ќе го започне со ослободување на Луис Суарез. Куман му кажал на Суарез дека не е во неговите планови и слободно може да бара нов клуб каде ќе продолжи кариерата. Најверојатно, прво засилување на Барселона во летниот преоден рок ќе биде Мемфис Депај од тимот на Лион,

Тијаго Силва преговара со Челси

Бразилскиот репрезентативец Тијаго Силва ќе го напушти Париз и како слободен фудбалер ќе се пресели во Челси. Преговорите помеѓу Тијаго Силва и лондонскиот клуб се во тек и во најскоро време се очекува официјализирање на трансферот.

Денис Беркамп во стручниот штаб на Арсенал

Менаџерот на Арсенал Микел Артета донесе екстра засилување во стручниот штаб, откако постигна договор со Денис Беркамп. Легендата на „топчиите“ ќе биде задолжен за скенирање на противниците, а ќе работи и со офанзвиците во составот.

OhridNews