Репрезентативецот на Холандија, Мемфис Депај е најголем губитник во последниот ден од продолжениот летен преоден рок, откако пропадна неговиот договорен трансфер во Барселона.

Причини за расипувањето на трансферот се Осман Дембеле,  Барселона и Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ го посакувале Дембеле на позајмица, додека Барселона притискала пернаментен трансфер. Дембеле пред финишот одбил било каков трансфер со ветување дека ќе се бори за место во Барселона.

Манчестер Јунајтед доведе четири фудбалери во „5 до 12“

Последниот ден од преодниот рок помина во знакот на Манчестер Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд ги доведе Единсон Кавани, Факундо Пелистери, дефанзивецот Алекс Телес и Диало Траоре кој од јануари ќе им се приклучи на „ѓаволите“.

Арсенал се засили во одбраната, Јувентус го ангажираше Киеза

Составот на Арсенал ја засили одбраната со фудбалер од Атлетико Мадрид. Се работи за Томас Парти за кого „топчиите“ на шпанскиот клуб му платија 50 милиони евра. Во зделката беше уклучен Тореира кој во Мадрид замина како позајмен фудбалер.

Во последните мигови од преодниот рок и Јувентус повлече потег ангажирајќи го Киеза од Фиорентина. Синот на легендарниот фудалер Енрико Киеза во Торино две години ќе биде како позајмен фудбалер, а потоа Фиорентина ќе инкасира 40 милиони евра.

OhridNews