Иако не беше омилен кај навивачите на Реал Мадрид, Герет Бејл остави значаен белег на „Сантијаго Бернабеу“. Велшанецот после шест успешни сезони ја напушти Шпанија и се врати во Тотенхем, од каде за 100 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.

После кам-бекот во Тотенхем, Бејл изјави дека не жали за ништо во Реал Мадрид и дека клубот воопшто нема да му недостасува.

По сѐ она што се случуваше воопшто не жалам што заминав. Сите груби зборови што беа кажани и сѐ она што беше направено изминатите месеци треба да му служат на чест на оној кој го направи тоа. Мене ми е најважно што сум чист пред себе си, што мислат останатите не ме интересира, – изјави Бејл.

Бејл за второт деби во дресот на Тотенхем ќе почека уште некоја седмица бидејќи непосредно пред враќањето во Англија се повреди.

Интер остана без Диего Годин и Антонио Кандрева

Одбраната на Интер ќе има нов лик откако стандардните првотимци Диего Годин и Антонио Кандрева заминаа од екипата. Годин кој дојде како големо засилување од Атлетико Мадрид се пресели во Каљари, додека повремениот репрезентативец на Италија Кандрева се пресели во Сампдорија.

Интер посакува да се ослободи од Кристијан Ериксен, но засега нема купец за услугите за данскиот репрезентативец.

OhridNews