Еден од најбараните фудбалери од Серија А, Андреа Тонали го засили тимот на Милан. Клубот од Сан Сиро, вечерва официјално го претстави Тонали кој го споредуваат со моменталниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.
Тонали во таборот на „росонерите“ ќе се пресели како позајмен фудбалер од Бреша, а следната сезона ќе биде активирана откупната клаузула.
20-годишниот фудбалер беше желба на Интер и Јувентус, но Милан понудил најдобри услови и ветување на фудбалерот дека ќе има статус на стартер.
Барселона пред договор со Депај
Екипата на Барселона после надминување на кризата со Лионел Меси се впушти во поход кон доведување на нови фудбалери во составот. Прво засилување на Роналд Куман ќе биде холандскиот репрезентативец Мемфис Депај.
Како што пренесува италијанскиот агент Фабрицио Романо, Барселона и Депај постигнале меѓусебен договор, а за финализирање на трансферот се чека амин од Лион, кој треба да ја прифати понудата од шпанците. Целокупниот трансфер не би требало да префрли 40 милиони.
Иван Перишиќ се врати во Интер
Новиот првак во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен одби да го откупи договорот од Иван Перишиќ и хрватскиот репрезентативец ќе се врати во Интер. „Нероазурите“ минатата сезона по секоја цена сакаа да се ослободат од Хрватот кој во дресот на „баварците“ стигна до европска титула.
OhridNews