Англискиот првак Ливерпул после долги преговори најде заеднички јазик со Баерн Минхен и во своите редови ќе го доведе шпанскиот интернационалец, Тијаго Алкантара.

„Црвените“ ќе добијат ултра квалитетно засилување за релативно малку пари. Целокупниот трансфер на Алкантара на Енфилд ќе изнесува 30 милиони евра.

Шпанецот во германскиот гигант се пресели од Барселона и се наметна како еден од главните фудбалери, прво кај Пеп Гвардиола а потоа и кај сите други тренери. Алкантара беше еден од фудбалери кој одигра клучна улога во освојувањето на тројната круна на „баварците“.

Бејл пред кам-бек во Тотенхем

Утре, Герет Бејл треба да допатува во Лондон и да ги заврши сите детали за офијализирање на кам-бекот во Тотенхем. „Петлите“, репрезентативецот на Велс ќе доведат на позајмица, со пција за откуп на договорот следната сезона. Реал Мадрид пред седум сезони го ангажираше Бејл од Тотенхем во трансфер вреден на 100 милиони евра.

OhridNews