Актуелниот англиски шампион Манчестер Јунајтед го пријавил Реал од Мадрид во Меѓународната фудбалска федерација ФИФА изразувајќи протест поради упорното настојување на Шпанците да го ангажираат нивниот најдобар фудбалер Кристиано Роналдо, иако Португалецот има важечки договор со клубот.Во соопштението на официјалниот клупски вебсајт Манчестер потсетува дека пред две недели го предупредил „кралскиот клуб“ да не се меша во кариерата на Роналдо, истакнувајќи дека „ништо не се сменило“ и дека Реал и понатаму прави се да го натера да премине во нивните редови.Портпаролот на ФИФА потврдил дека во седиштето на светската куќа на фудбалот денеска пристигнала пријава од Манчестер Јунајтед против шпанскиот шампион..

Роналдињо ќе преговара со Манчестер Сити. Таксин Шинаватра преку извршниот директор на екипата Гари Кјук најави дека Бразилецот е на голема врата да се најде во составот на граѓаните.  Само ќе кажам дека преговорите почнуваат, откако Барселона се согласи и ни дозволи да почнеме преговори со Роналдињо и неговиот агент“, изјавил директорот на Сити. Шинаватра ќе се обиде да ги израдува своите фанови со ангажман на Роналдињо, за кого се чини во моментов само тој остана сериозно заинтересиран.

Португалскиот селектор Луис Фелипе Сколари има преддоговор со Челси и по завршувањето на Европското првенство ќе се пресели на нивната клупа пренесува англискиот „Дејли Меил“. Тренерот ги предовдеше “кариоките“ до последната титула во 2002, а  од 2003 година е предводник на репрезентацијата на Португалија, со која загуби во финалете на ЕП пред четири години од Грција. Трансферот на Сколари на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон ќе се офцијализира на крајот на ЕП.

ohridnews