Винсент дел Боске е новиот селектор на репрезентацијата на Шпанија. Поранешниот тренер на Реал ќе го замени 70-годишниот Луис Арагонес, кој го презеде Фенербахче, откако ја освои титулата европски шампион со „црвената фурија“. Дел Боске ќе го потпише својот договор следната недела. Тој ќе ја предводи Шпанија две години низ квалификациите за СП 2010 во Ј. Африка.

Новиот стадион на Атлетико Мадрид ќе го носи името на својот поранешен тренер Луис Арагонес, кој како селектор ја предводеше Шпанија до титулата европски првак. „Јорганџиите“ треба да се преселат на новиот стадион до 2010. Стариот стадион „Висенте Калдерон“ тогаш ќе биде урнат.

Светските медиуми јавија дека Роман Абрамовиќ е човекот кој успеал да го купи Андреј Аршавин, Рускиот репрезентативец со својата игра го сврте вниманието на најголемите клубови, а Челзи за неговите услуги одвои околу 15 милиони евра. По средбата на Аршавин  со Роман Абрамович, а потоа и со менаџерот Луис Фелипе Сколари на која би ги договориле личните услови, ќе следи и официјална промоција на фудбалерот.

ohridnews