Младинскиот репрезентативец и член на струшкиот ракометен клуб, Ненад Костески направи голем исчекор во кариерата обезбедувајќи трансфер во хрватскиот гигант Загреб.

Добрите игри во дресот на Струга и младинската репрезентација и вклучувањето на поширокиот список од селекторот на сениорите Данило Брестовац не` останаа не забележани од Загреб, кој одлучи да го ангажира Костески.

Со преселување во Хрватска,  Костески тргна по стапките на Кирил Лазаров, кој пред 20-тина години од Пелистер се пресели во хрватскиот клуб и направи одлична и трофејна кариера и име во светскиот ракомет.

Костески на „модрите“ ќе им се приклучи следната сезона, а Струга уште еднаш го потврди епитетот за ракометен расадник, бидејќи никој клуб во Македонија не може да се пофали со ваков трансфер.

OhridNews