Пред крајот на долгата сезона во европскиот фудбал се зголемуваат гласините околу трансферите на фудбалерите од една во друга екипа. Најновите информации се поврзани со Диего Коста, англискиот голман Џо Харт и поранешниот капитен на Манчестер Сити, Винсент Компани.
Диего Коста го одбрал Милан
Контроверзниот фудбалер Диего Коста на своите најблиски им соопштил дека кариерата ќе ја продолжи во Милан. Шпанецот не се гледа повеќе во Атлетико Мадрид и посакува среќата да си ја проба во Серија А. „Росонерите“ со Диего Коста во составот ќе добија квалитетот, но секогаш ќе треба да внимаваат на неговиот темперамент.
Џо Харт резервен голман во Тотенхем
Повремениот англиски репрезентативец Џо Харт се пресели во Тотенхем. Харт ќе биде резерва на Хуго Лорис кој е прв голман и капитен на „петлите“.
Крај на кариерата за Винсент Компани
Белгискиот фудбалер Винсент Компани ја заврши својата играчка кариера. Поранешниот играч на Хамбург и Манчестер Сити ја заврши кариерата на 34-годишна возраст. Тој сега ќе работи како главен тренер на Андерлехт.
OhridNews