Составот на Манчестер Јунајтед во летнио преоден рок ќе активира трансфер бомба доведувајќи го Жадон Санчо од екипата на Борусија Дортмунд.
„Црвените ѓаволи“ ги договориле личните услови со Санчо. Останува двата клубови да најдат заеднички јазик околу обештетувањето и официјализирање на трансферот.
Според англиските медиуми, целокупниот трансфер би изнесувал 100 милиони евра. Англискиот репрезентативец на Олд Трафорд ќе заработува 400 000 фунти неделно.
Санчо сезонава во дресот на „милионерите“ сезонава одиграл 35 натпревари на кои постигна 17 погодоци и 19 пати успешно асистираше до соиграчите.
OhridNews