Во Милано бил претставен првиот трамвај кој истовремено е и сауна, соопштиле медиумите. Дизајнерите при опремувањето на трамвајот го задржале неговиот стар облик, како и старите дрвени клупи. Со помош на шините го сместиле во еден спа центар во Милано.
Авторите на проектот сакале да им покажат на патниците дека секојдневните патувања не мора да бидат стресни. Портпаролот на дизајнерската куќа рекол дека овој иновативен дизајн покажал дека не мораат баш сите средства за јевниот превоз да бидат фрустрирачки и дека во истите патниците би можеле добро да се опуштат.