Претседателот Доналд Трамп ја оствари заканата. Тој објави дека се повлекува од договорот за климатските промени постигнат во Париз во 2015 година, потег од кој се вознемири целиот свет, вклучувајќи ги и Кина и Русија, јавува „Макфакс“. Неговата одлука е голем удар за напорите на светско ниво за борба против климатските промени и оддалечување на земјата од многуте сојузници во странство. Тој рече дека САД ќе се обиде да преговара за повторен влез со подобри услови.
“Почнувајќи од денес, САД ќе престанат со имплементација на необврзувачкиот Париски договор”, изјави Трамп за време на објавувањето на одлуката од Белата куќа. Сепак, како што најави, повторното враќање со други услови за него не е приоритет.
“Ако можеме, одлично. Ако не можеме , пак е во ред“, изјави Трамп.
Поранешниот претседател Барак Обама се согласи САД да ги намалат емисиите на штетен гас до 26 проценти во однос на нивотот од 2005 година, а до 2025 година. Според Трамп договорот ги ставал САД во неповолна положва во однос на други земји и им штети на американските бизнис интереси.
OhridNews