Авторот на книгата за Доналд Трамп не мора да да го открие изворот на кој се повикува кога напишал дека неговото богатство се мери со милиони а не со милијарди долари, пресудил апелациониот суд во Њу Џерси.
Трамп го тужел Тимоти О`Брајан и групата “Tajm Vorner Buk” поради книгата “TrumpNation: The Art of Being the Donald”. Авторот во книгата изнел податок дека богатството на Трамп се движи помеѓу 150 и 250 милиони долари. Познатиот американски магнат вели дека книгата ја повредила неговата репутација бидејќи тој бил побогат отколку што навел О`Брајан. Трамп тврди дека неговото богатство е 2,7 милијарди долари.
Судиите на апелациониот суд одлучиле дека деталите од животот на Доналд Трамп се тема од јавен интерес и дека со тоа податоците од книгата се заштитени.