Кандидатот за американски претседател на изборите на 8-ми ноември од Републиканската партија, Доналд Трамп, кој е во судир со еден дел од партиските челници, изрази поддршка за резиборот на двајцата водечки републиканци, претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан и сенаторот од сојузната држава Аризона, Џон Меккејн, настојувајќи да ги обедини републиканците околу заедничката цел победа над кандидатката на Демократската партија, поранешната прва дама и државна секретарка Хилари Клинтон, чија предност ја намали, пренесуваат медиумите.
„Потребен ми е републикански Сенат и републикански Претставнички дом, за да се спроведат сите промени коишто мораме да ги сториме. Нема секогаш да се согласуваме, но нашите несогласување се несогласувања меѓу пријатели. Рапа подрака ќе ја спасиме нацијата од пропаста наречена Обама-Клинтон“, изјави Доналд Трамп на собирот во Грин Беј во сојузната држава Висконсин од каде што потекнува Пол Рајан, пренесува „Макфакс“.
Трамп претходно изјави дека сé уште не е подготвен да ги поддржи двајцата конгресмени коишто го критикуваа и се колебаа да ја поддржат неговата претседателска кандидатура.
Рајан не планирал да дојде на собирот на Трамп, што покажува дека напнатоста меѓу двајцата политичари уште тлее, и покрај тоа што Мајк Пенс, кандидатот за потпретседател на Трамп го поддржа. На Пол Рајан републиканците гледаат како на еден од идните претседателски кандидат, а се очекува дека следната седмица ќе победи на предизборите за републикански кандидат на Претставничкиот дом.
Затоа нивните несогласувања се извор за загриженоста во водството на Републиканската партија. А поддршката од страна на Трамп за партиските неистомисленици е еден од неколкуте чекори коишто неговата кампања ги презема како одговор на контроверзиите и заостанувањето во анкетите зад демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Трамп во петокот порача дека сака партија којашто е застане под „големиот шатор“, а „различните погледи се добредојдени“. Реле дека ги поддржува републиканските претставници поради тоа што ја споделуваат мисијата „Америка повторно да ја направиме голема“, што е мотото на неговата кампања. Трамп објави и дека именувал нов тим економски советници во кои се банкари против коишто истапуваше во минатото. Неговите критичари веднаш одговорија дека во тимот нема ниедна жена.
На неколкуте последни собири, како во Дес Моенс во Ајова и во Грин Беј, Трамп покажа ниво на дисциплинираност невообичаена за неговите претходни настапи кои беа без контрола и на кои својата противничка Клинтон ја нарекуваше „кралица на корупцијата“ и „ѓавол“, истакнуваат медиумите.
Трамп ги нападна медиумите велејќи дека го предимензионирале инцидентот од еден собир кога известија дека наводно исфрлил бебе од собир во Вирџинија, „Ги сакам бебињата“.
Според најновата анкета на Reuters/Ipsos објавена во петокот предноста на Клинтон се истопила на помалку од 3 отсто од 8 колку што беше во предност во понеделникот.
Тогаш Трмап беше критикуван и од својата партија дека се потсмевал на мајката на американскиот војник муслиман во Ирак која беше изведена на сцената на конвенцијата на Демократската партија во Филаделфија. Штабот на Трамп во меѓувреме одговори дека мајката на војникот е всушност злоупотребена, бидејќи станува збор за војник убиен уште во 2004 година.
Поранешниот заменик директор на Централната разузнавачка агенција CIA Мајкл Морел во петокот во коментарот во The New York Times, весник кој отворено застанува на страната на Хилари Клинтон, напиша дека Тремп е „опасно несоодветен“ за должноста американски претседател и дека ќе ја поддржи Клинтон. Трамп „не само што не е квалификуван за работата, туку може да претставува и закана за нашата национална безбедно.
OhridNews