Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го прифаќа заклучокот на американската разузнавачка заедница дека кибернетичките напади дошле од Русија, изјави во неделната идниот шеф на неговиот кабинет Ринс Прибас, додека истовремено неговата блиска соработничка Келеиен Конвеј изјави дека Трамп по инаугурацијата и консултацијата со разузнавањето ќе речи дали новата администрација на САД ќе преземе некакви мерки против Русија на којашто ѝ се припишуваат обидите да влијае врз американските претседателски избори во негова полза, пренесува „Макфакс“.
Претседателот на Националниот комитет на Републиканската партија, Ринс Прибас, кој е предложен за шеф на апаратот на Белата куќа, во интервјуто за американската телевизиска мрежа Фоџ Нењс, изјави дека Доналд Трамп се согласува со заклучоците во извештајот на американските разузнавачки агенции за „активностите на руските хакери“ и може да „преземе мерки“ против Русија.
„Се разбира, тој не ги отфрла фактите дека во овој конкретен случај станува збор за ентитети од Русија“, изјави Прибас во врска со хакирањата на организациите и функционери на Демократската партија.
Претходно самиот Доналд Трамп ги оцени обвинувањата кон Русија без докази и изјави дека неговите политички противници од Демократската партија се обидуваат со тоа да го стават под прашање исходот од претседателските избори од 8-ми ноември на кои тој ја победи нивната кандидатка Хилари Клинтон.
Прибас, исто така, во неделата изјави дека демократите не сториле ништо за да спречат нелегален пристап до нивните преписки од „странска структура“, што и довело од истекување на документите во јавноста.
Изјавата на Прибас претставува големо отстапување, оценува Реутерс, потсетувајќи дека Трамп повторно ги одбил тврдењата дека Русите настојувале да му помогнат. Се оценува и дека ова е прво признание на висок функционер од тимот на новиот претседател дека Трамп прифатил дека од Русија биле хакирани серверите на Демократската партија.
Американските агенции ЦИА, НСА и ФБИ објавија во саботата дека „со голема сигурност“ процениле дека лично рускиот претседател Владимир Путин сакал да влијае врз американските претседателски извори. Според нив, наводно руските воени разузнавачи од ГРУ, информациите добиени со хакирањето на Националниот комитет на Демократската партија (ДНЦ) ги рашириле преку интернет, а кои покажаа дека раководството на партијата имала валкана стратегија против кампањата на сенаторот Берни Сандерс во предизборите во полза на Хилари Клинтон, како и компромитирачките мејлови на шефот на кампањата н Клинтон, Џон Подеста во кои се гледаат неговите деловни интереси, контакти со влијателни новинари и стратегиите во кампањата.
Истовремено, во интервјуто за телевизијата НБЦ Нењс, блиската соработничка на Трамп, Келијан Конвеј, изјави дека дури по инаугурацијата новиот американски претседател ќе се консултира со разузнавачите и ќе носи одлука какви и дали ќе преземе мерки против Русија.
„Избраниот претседател, чијашто инаугурација ќе се одржи за околу две седмици,
Ќе треба да донесе решение за ова прашање заедно со својот тим за безбедност и разузнавање“, одговори Конвеј.
Од неа беше побарано и да одговори дали Трамп смета дека е можно истовремено да ги подобрува односите со Москва и да се обиде „да ја казни“ или „ќе треба да избере едно од овие две нешта“.
„Нема неопходност да го прави тоа, сето тоа зависи од конкретните прашања“, изјави помошничката на републиканскиот претседател. Таа истакна дека Трамп, особено, ја поздравува соработката со Москва против терористичката група Исламска држава.
OhridNews
извор: „Макфакс“