На социјалната мрежа Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имигантот од Узбекистан кој со камион усмрти осум лица во Њујорк треба да биде осуден на смртна казна. Трамп побара промена на имиграциската политика. Посебно ја издвои лотаријата која се доделува за дозвола за престој и работа во САД, „зелени картони“ и предложи да се стави крај на оваа пракса.

Американското федерално обвинителство против 29-годишниот Сајфул Саипов покрена обвинение.

OhridNews