Тендициозни се обвинувањата искажани од СДСМ во однос на најавените проекти за развој на општината од страна на локалната самуправа, се вели во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот Игор Трајкоски.

„Очигледно Вас ви сметаат медиумските настапи на градоначалникот Трајковски преку кои константно се прикажуваат реализираните проекти во Општина Дебрца од кои бенефит имаат сите повторуваме сите жители на Општината. Можеби СДСМ е навикната во нивното претходно долгогодишно затаено „раководење“ со општината каде на прсти неможете да ги наброите ваквите преставувања и без траспарентност. Токму тука е разликата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, транспарентноста е одлика на работата на градоначалникот Трајкоски и така ќе остане и понатаму.“ – стои во соопштението.

Според кабинетот на градоначалникот, реакцијата на СДСМ на употребениот трмин „ Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ“ од страна на Трајкоски, ја потврдува исфрустрираноста на опозцијата од тоа што не може да се навикне цела една деценија дека токму ВМРО ДПМНЕ е предводник и на Владата и на успешните политики кои се водат во  државата. 

„Што се однесува на тоа дека одедени проекти биле одоброени од претходната власт во општина Дебрца со неверување ги согледуваме леснотиите со кои можете да излезете во јавност и да го тврдите тоа. Жителите на Општина Дебрца бараат ефикасност и реализација како што тоа го прави градоначникот од ВМРО ДПМНЕ г-дин Трајковски на општина Дебрца од кои бенефит имаат сите нејзини жители а не празни зборови и оправдувања кои доаѓаат од страна на СДСМ од кои бенефит нема никој.“-се вели во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Трајкоски.

Оттаму најавуваат дека ќе има уште многу проекти во соработка помеѓу Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и општина Дебрца предводена од градоначникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои ќе бидат во интерес на сите жители на општина Дебрца.

OhridNews