Пред доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт и јас како Градоначаник во Општина Дебрца владееше медиумски мрак, имаше лоша инфраструктура и услови во секој сегмент кои беа вон стандардите на една модерна општина. Но денес гордо можеме да се пофалиме дека Дебрца е една од најпрепознатливите општини која е опишана во голем број медиумски прилози. Општина во која доаѓаат на посета видни гости, амбасадори од најголемите светски сили. Може слободно да се каже дека денес Дебрца чекори кон новите стандарди кои се воведуваат во сите области, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Игор Трајкоски.
– Моја работа во идните четири години е токму воведувањето на таквите стандарди да продолжи насекаде. Јас и мојот тим ќе се залагаме за успешно спроведување на проектите кои вас ви се потребни. Тоа ќе биде наш приоритет. Тоа сме го докажале и понатаму ќе го докажеме. Денес сакам да се осврнам и презентирам на проектите од областа на спортот, додаде Трајкоски.
Се осврна на веќе реализираните проекти, меѓу кои: реконструираните и осветлени полигони за мали спортови во селата Ботун и Волино, изградениот полигон за мали спортови во селото Горенци, реконструирано фудбалско игралиште за голем фудбал во село Злести, фудбалското игралиште за голем фудбал во село Белчишта, како и реконструираните и изградени фудбалско игралиште за голем фудбал во Волино, игралиште за мали спортови во село Оровник, Балон сала во Требеништа и континуирана подршка на спортските клубови и турнирите во мал фудбал.
Трајкоски презентира и дел од новата Програма од областа на спортот. Реконструкција на фудбалско игралиште за голем фудбал во Лешани, реконструкција на фудбалско игралиште за голем фудбал во село Мешеишта, изградба на полигони за мал фудбал во селата Лешани и Злести, Трансвери и Подршка за спортски Клубови во Општина Дебрца, поддршка за организирање на Турнири во мал фудбал, се само дел од новата програма.
OhridNews