Изминатите две години жителите на општина Дебрца и пошироката јавност беа сведоци на процес во кој целосно се возобновуваше општината, се започнаа процеси за модерно и пред се правилно водење на самата Општина, искористување на грантови, реализација на проекти кои се од витално значење од доменот на општествените потреби, инфраструктура, култура, спорт, образованието, рече на денешната прес конференција градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски давајќи отчет за сработеното во изминатиот период.

Јас како градоначалник во целост се залагав за реализирање на ветените проекти од предизборната програма. Но не само реализација на ветените проекти туку и на многу други кои се потребни за полесно функционирање и олеснување на секојдневието на жителите на општината. Дебрца веќе прерасна во општина која се движи по теркот на најразвиените општини во Македонија. Прераснува во големо туристичко место, се повеќе и повеќе застапено во медиумите, посетено од највисокиот дипломатско кор што ја потврдува тезата дека интересот за развојот и реализацијата на проектите е на највисоко ново. Нашата соработка со Владата допринесе полесно и поефикасно спроведување на процесите за реализација на проектите, Таквата соработка и понатаму ќе продолжи со цел исполнување на сите ветувања од предизборната Програма со што Општина Дебрца ќе ја достигне својата кулминација на она што преставува прогрес и развој, рече Трајкоски.

Зборувајќи за реализираните проекти, Трајкоски се осврна на изградбата на монтажно училиште,  објавувањето на конкурс за стипендирање на најдобрите 20 ученици, реконструкцијата на училиштето во село Требеништа, на спортскиот терен за фудбал во село Злести, изградбата на Балон салата во Требеништа,изградбата на водоводни системи, асфалтираните патишта во селата Ботун, Песочан, Лешани,Горенци,Требеништа,Ново Село и Белчишта.

Изграден е и локален пат до Сливово, набавени беа нови машини и алат за работа на ЈКП Дебрца, реконструиран е Културниот дом во Мешеишта и Издеглавје, извршивме реконструкција на изворите во Велмеј,поставени се видиковци во местата Сини Вирој и Требенишко езеро кои беа целосно уредени за туристите, изграден е канализационен систем во Мешеишта. Набројуваните проекти не се единствените кои се реализирани. Има уште многу а уште многу проекти ќе започнат да се реализираат, дел од нив веќе се во фаза на изготвување или апликација, рече Трајкоски.

Меѓу проектите чија реализација следува во наредниот период Трајкоски ги наведе- иградбата на водоводниот систем во село Требеништа, изградбата на патиштата во Ботун, проектот за изградба на канализационен систем Горенци, водоводен систем во Сливово, село Волино, проектот за уредување на патека на Крајбрежјето на Охридско езеро кај селото Оровник.

Трајкоски го најави, како што рече, и еден од најзначајните проекти за општината- изградбата на Колекторски систем од село Мешеишта до главниот колектор на Охридското езеро.

Станува збор за аплициран и одобрен проект за изградба на колекторски систем што ќе ги опфаќа селата Климештани,Мешеишта,Волино,Требеништа,Горенци и истиот е одобрен од Министертво за транспорт и врски, потенцира градоначалникот на Дебрца.

Трајкоски најави дека најавените проекти ќе се реализираат со забрзано темпо.

Т.К.