ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија која секогаш се држи до своите ветувања. Програмите со кои излегуваме пред народот се Програми кои произлегуваат од Вашите барања, рече кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од ВМРО ДПМНЕ, Игор Трајкоски, кој денес одржа прес конференција во Ново Село.

– За Општина Дебрца можеме годро да кажеме дека не само проектите од претходнта програма, туку и многу повеќе реализиравме. Но секогаш знаеме дека никогаш не е доволно, а тоа произлегува од фактот што во претходните 16 години во Дебрца беше направено многу малку. И се обидевме во 4 години данаправиме многу повеќе отколку нашите претходници што направија за 16 години. И ќе продолжиме со тоа темпо, и низ различни области. Особено она што го наследивме како област која навистина беше во катастрофална состојба е патната инфраструктура во Општина Дебрца, рече Трајкоски.

Трајкоски ги истакна досега реализираните проекти поврзани со патната инфраструктура. Меѓу нив: реконструираните локални патишта од село Злести до село Лешани, од Сливово до спојот со автопатот, локални улици во село Ботун, улици кои се поврзуваат со локалната патна инфраструктура во селата Мешеишта и Ботун, асфалтирање на регионален пат Ботун – Белчишта – Лешани, локални улици во Ново Село, Оровник, Требеништа, Ботун, Песочани, Лешани, Горенци, Белчишта и другите населени места, извршено санирање на ударни дупки на локални улици во повеќето населени места, тамониран локален полски пат од село Требеништа до село Волино, локални улици во селата Врбјани, Брежани, Лактиње, Мешеишта и други населени места.

Во наредниоте 4 години Трајкоски најави изградба и реконструкција на локален пат од село Белчишта до село Злести, реконструкција на локална улица во Мешеишта, реконструкција на локален пат од село Арбиново до спој со Автопат, изградба на локален пат од село Ботун до Црква Св. Богородица, реконструкција на локален пат од село Волино преку Требеништа до спој со Автопат, локален пат од село Волино преку Мешеишта до спој со Автопат, локален пат од село Злести до спој со Регионален пат, тампонирање на локален пат од село Брежани со манастирот Св. Петар, тампонирање на локален пат од село Долно Средорече до Село Грко Поле, локален пат од село Издеглавје до Црква Св. Димитрија, асфалтирање и тампонирање на локални улици и крпење на ударни дупки во сите населени места.

OhridNews