Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес, на трасата од регионалниот колекторски систем во близина на Техноиндустриската зона во Струга ги презентираше активностите кои се во тек за изградба на колекторскиот систем  кој ќе ги поврзува селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани.

– Неговата должина изнесува повеќе од 8 километри и инвестиција вредна повеќе од 250 илјади евра.Со изградбата на овој колекторски систем ќе се стави во функција веќе изградената канализациона мрежа во с.Мешеишта која е исто така во должина од околу 8 километри и вредност од околу 200 илјади евра средства добиени благодарение на владата на Р. Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, рече Трајкоски.

Градоначалникот најави уште шест нови проекти, меѓу кои изградбата на канализациона мрежа во с.Горенци, како и улицата во Ботун.

– Со проектот ќе се изврши реконструкција на постоечки улици во с.Ботун кои се стари повејќе од 20 години.Трасите на улиците ќе се водат и прилагодуваат према постојните улици.Ширина на коловоз 3-3.5 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот.Вкупна должина на улиците е 1 км.На улиците кои се со асфалт ќе се изврши прво крпење на ударните дупки, а потоа надградба над постојниот асфалт. На улиците кои немаат асфалт прво ќе се изврши тампонирање со сепариран камен а потоа асфалтирање со асфалт д=7 см Инвестиција од 8,033,110.00 денари или 130,619.67 еура, рече Трајкоски.

Трајкоски ја најави и изградбата на улицата Злести-Лешани , како и  три урбанистички планови за селата Оровник,Горенци и Требеништа, проекти кои општина Дебрца ги доби преку ЈЗПР на програмата за рурален развој. Инвестиција од околу 50 илјади евра.

OhridNews