Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Дебрца, Игор Трајкоски, на денешната прес конференција потсети на реализираните проекти поврзани со водоснабдувањето во општината, но најави и нови со кои би се подобрило водоснабдувањето.
– Уште од првиот ден од нашиот мандат наидовме на проблематики кои не беа замисливи за 21 век. Особено тука би сакале да ја истакнеме проблемот со недостиг на вода низ повеќе места во самата општина. И тука започнавме од почеток и направивме многу. Сигурни сме дека треба уште и ќе направимеуште, бидејќи тоа ни е приоритет. Всушност колку значат самите водоводни мрежи за нашата работа е тоа што во изминативе четири години изградивме 12,5 км водоводна мрежа и друга инфраструктура. Тоа е доволен показател за значајноста на овој сегмент, рече Трајкоски.
Меѓу досега реализираните, Трајкоски ги наведе реконструираната водоводна мрежа во село Оровник, изградбата на водоводен систем во село Ботун, изграден резервар за вода село Требеништа, извршена целосна реконструкција на Пумпна Станица“СВ.ЕРАЗМО”, испитување за изградба на бунар за вода село Требеништа, реконструирана Водоводната мрежа во село Требеништа, изградена каптажа и извршена реконструкција на дел од водоводниот систем во Сливово.
Доколку на претстојните избори ја добие довербата на жителите, Трајкоски најави и изградба на пумпна станица за снабдување со вода за селата Орвник, Горенци, Требеништа и Волино, реконструкција на водоводната мрежа село Волино, реконструкција на водоводната мрежа село Климештани, реконструкција на водоводната мрежа село Песочан, реконструкција на водоводната мрежа на селата Издеглавје – Оздолени – Сошани – Слатински Чифлик, реконструкција на водоводната мрежа село Мешеишта, реконструкција на каптажи за вода во село Оровник, реконструкција на каптажи за вода во село Годивје.
OhridNews