Наша цел е во секоја област да се создадат вистински услови со што ќе има подобар квалитет во секој сегмент од нашето општество, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски.
При тоа, Трајкоски потсети на досега реализираните проекти поврзани со изградбата на канализационите системи, меѓу кои изградената фекална канализациона мрежа село Мешеишта, во село Горенци, изграден колекторскиси стем од село Мешеишта до главен колектор на Охридско езеро кој ги опфаќа селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци, доизградба на канализациона мрежа во Мешеишта со поврзување на конколекторскиот систем, како и изградена атмосферска канализација во село Ботун.
Трајкоски најави дека предвидена е реализација на следните проекти:
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Лешани
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Велмеј
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Ботун
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село НовоСело
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Требеништа
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Волино
– Доизградба на фекална канализациона мрежа во село Мешеишта.
OhridNews