Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата “За подобра Македонија”, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Игор Трајкоски, денеска оствари средба со претставници на Сојузот на борци од НОАВМ за Охрид и Дебрца и со здружението “Мобилност“ од Охрид.
На средбата претседателот на Сојузот на борци, Гоце Георгиевски искажа благодарност кон градоначалникот Трајкоски, за сите досегашни заеднички реализирани проекти во Општина Дебрца, од аспект на чувањето на спомен обележјата од НОВ и ПОМ, како и одбележувањето на годишнини од историско значење за македонската државност. Кандидатот Трајкоски, пред присутните на средбата, меѓу другото зборуваше и за реализираните и планирани проекти.
OhridNews